Криминалци од Виетнам шверцувале дрога во паста за заби

Паста за заби/ Фото: Deyan Georgiev / Panthermedia / Profimedia

Полицијата во Виетнам уапси 65 лица поврзани со шверц на 50 килограми дрога – некои скриени во паста за заби, пренесува „Би-Би-Си“.

Тоа уследи по минатомесечните апсења на четворица вработени на „Виетнам ерлајнс“ кај кои била пронајдена дрога во пастата за заби која им ја нашле во рачните торби по летот од Париз до Хо Ши Мин. Тие рекле дека биле ангажирани да транспортираат 60 килограми паста за заби, но не знаеле дека во нив има екстази, кетамин и кокаин.

Виетнам е главен центар за трговија со дрога и покрај тоа што има некои од најстрогите закони за дрога во светот. Половина од 327 туби за паста за заби кои стјуардесите ги превезувале содржеле дрога. Инспекторите рекле дека жените не биле свесни за тоа што имало во тубите.

Полицијата оваа недела соопшти дека 65-те осомничени биле уапсени откако откриле уште шест пратки со наркотици кои се шверцувале во Виетнам по истиот пат. Наводно тие биле насочени од истиот шверцерски синџир што ги ангажирал стјуардесите. 65-те осомничени се под истрага за различни обвиненија, вклучително и купување, продавање, транспортирање и складирање на наркотици, објавија локалните медиуми.

Полицијата се сомнева дека истиот синдикат често користел виетнамски државјани кои студирале и живееле во Франција за да внесат дрога во земјата. Откако дрогата ќе пристигнела на виетнамските аеродроми, домашните услуги за испорака ги транспортираат до соучесник во провинцијата Донг Наи, која се граничи со Сајгон.

Дрогата потоа се транспортирала до повеќе локалитети за дистрибуција.

Властите велат дека количината на дрога запленета преку воздушните линии во земјата во текот на изминатите три месеци ја надмина количината на дрога шверцувана преку воздух во последните пет години заедно.

Градот Хо Ши Мин е особено атрактивна транзитна точка за шверцерите поради неговата близина до соседна Камбоџа.

Оние кои се осудени во Виетнам за поседување или шверц на повеќе од 600 грама хероин или повеќе од 2,5 килограми метамфетамин се соочуваат со смртна казна. Со смрт се казнува и производство или продажба на нелегални наркотици над одредени количини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот