Кренке ја извади „змијата од џебот“, буџетот од 120 милиони евра на Арсенал му гарантира пет страшни засилувања

epa08579273 Arsenal?s Pierre-Emerick Aubameyang celebrates with teammates after scoring equalizing goal from penalty during the English FA Cup final between Arsenal London and Chelsea FC at Wembley stadium in London, Britain, 01 August 2020. EPA-EFE/Cath Ivill/NMC/Pool EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Џош Кренке го убеди својот татко Стен  да обезбеди поголем буџет за засилувања со кои Арсенал би се вклучил во трката за титулата.

Синот на сопственикиот на Арсенал, Џон Кренке, му вети на тренерот Микел Артета дека ќе добие буџет од 120 милиони евра за да ја засили екипата. По триумфот во ФА купот пораснаа апетитите кај „топчиите“ и сакаат во наредната сезона да се вклучат и во трката за засилувања, а за тоа ќе биде потребно тимот да се засили со пет квалитетни фудбалери.

Арсенал веќе ја заврши работата со Вилијан, Бразилецот ќе потпише тригодишен договор со кој ќе заработи нешто повеќе од 17 милиони евра.
Нареден на списокот на Желби на Артета е играчот на Атлетико Мадрид, Томас Парти, веќе се остварени првични контакти со шпанскиот тим откако самиот фудбалер одби да потпише нов договор и побара да биде продаден на Арсенал.

Парти во средниот ред треба да игра заедно со Дани Себаљос кој и во наредната сезона ќе остане во лондонскиот тим на позајмица, а ова значи дека Матео Гендузи и Лукас Тореира и дефинитивно се отпишани.

Одбраната треба да биде засилена со Бразилецот Габриел од Лил кој е на радарот и на Ливерпул и на Челси. Предноста на Арсенал е во тоа што Артета му гарантира на Габриел дека ќе биде стандарден првотимец, за разлика од Челси и Ливерпул каде ќе треба да се бори за своето место.

Како шлаг на тортата во летниот преоден рок треба да биде трансферот на Фелипе Кутињо од Барселона. „Топчиите“ ќе се обидат да ја намалат сумата која треба да ја платат со тоа што во трансферот ќе го вметнат Гендузи за кого сериозен интерес пројавува каталонскиот тим. Идејата на Арсенал е да го позајми Кутињо за наредната сезона со задолжителен откуп на договорот во 2021 година.

Доколку се реализираат трансферите на Парти, Габриел и Кутињо, Арсенал во наредната сезона ќе има сериозен тим со кој ќе се вклучи во трката за титулата во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот