Кремљ: Навални може да биде префрлен на лекување во друга држава ако пристигне такво барање

Неколку часа откако Навални е примен во болницата, се огласија од Кремљ.

Докторите се борат за животот на Алексеј Навални, кој важи за број еден непријател на Путин, откако утринава најверојатно бил отруен во аеродромски кафе-бар во Москва, непосредно пред да патува накај рускиот град Томск. 

Сега пристигна соопштение од Крем, во кое се пренесува дека се подготвени да ја разгледаат опцијата за префрлување на Навални во некоја друга држава за да добие адекватно лекување.

Човек кој патувал со Навални утринава случајно споделил фотографија од бизнисменот како пие чај во аеродромскиот кафе-бар во Москва

На Навални му се слоши во авион додека леташе за Москва, патниците сведочат дека тој буквално ползел до тоалетот, поради што се случи принудно следување во Омск, каде тој е хоспитализиран и се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Изутринава неговата портпаролка Кира Јармиш сподели дека докторите првично потврдиле дека тој е отруен, за подоцна да „молчат“ бидејќи, како што вели таа се под закани и не даваат каква било нова информација или дијагноза.

Јармиш исто така сподели фотографија на која се гледа зголемено присуство на полиција во одделот за интензивна нега, тврдејќи дека тоа се само неколку од нив, односно дека има уште повеќе полицајци наоколу.

Неколку часа откако Навални е примен во болницата, се огласија и од Кремљ.

„Свесни сме за ситуацијата во која се наоѓа Алексеј Навални и ве уверуваме дека ако пристигне барање за негово префрлување во друга држава, истот ќе биде разгледано во најкраток можен рок. Владата сака Навални што побргу да оздравее, исто како што тоа го посакува за секој друг руски граѓанин“, соопшти Димитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Тој рече дека Од Кремљ ја следат ситуацијата како и сте други – преку медиумите и дека до кабинетот на Путин засега не дошло никакво специјално барање по ова прашање.

На социјалните медиуми се појавија вознемирувачки снимки од Навални кои ги снимиле патниците на летот, а на кои се слушаат врисоци од болка.

НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот