Креаторката Кокев за Атиџе: Таквите жени не се трансформираат, може ние да се трансформираме учејќи од неа

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

„Секако дека ќе го испочитуваме дрес кодот на домаќините, Оскарите и ќе ја стокмиме во свечено руво, но нема да ја трансформираме бидејќи не гледаме потреба за такво нешто“, пишува Кокев на Фејсбук.

Тања Кокев, познатата македонска модна креаторка која ќе ги создаде креациите за екипата на „Медена земја“ за доделувањето на Оскарите, на својот Фејсбук-профил се заблагодари за поддршката и соработката со тимот, посебно со Атиџе.

– Ви благодариме на сите за поддршката и убавите зборови за соработката со тимот на „Honeyland“, посебно со Атиџе. Многу често во вашите пораки споменавте дека едвај чекате да ја видите нејзината трансформација – напиша Кокев.

Додаде дека Атиџе е жена-прекрасница, и дека нема потреба за нејзина трансформација.

– Атиџе е жена прекрасница, една во милион. Таквите жени не се трансформираат, може ние да се трансформираме учејќи од неа. Ние не сме тие кои треба на таа скромност да и кажуваме како да прошета на Оскарите. Таа си ја знаеше бојата уште пред да и го отвориме каталогот. Секако дека ќе го испочитуваме дрес кодот на домаќините, Оскарите и ќе ја стокмиме во свечено руво, но нема да ја трансформираме бидејќи не гледаме потреба за такво нешто. Ќе ја испратиме на Оскари скромна, убава, дотерана онака како таа ќе се чуствува најпријатно. Само во една средба таа ми кажа 10 мудрости, јас тука не можам и не сакам ниту да додадам ниту да одземам нешто – вели Кокев.

?❤️?Ви благодариме на сите за поддршката и убавите зборови за соработката со тимот на Honeyland, посебно со Атиџе….

Publiée par Tanja Kokev sur Vendredi 24 janvier 2020

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот