„Кралските“ игри го враќаат Бензема во француската репрезентација?

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема би можел да се врати во француската репрезентација пред Европското првенство кое ќе стартува следниот месец, пренесува „Л`Екип“.

Ваквата можност се најавува пред објавувањето на списокот играчи на кои ќе смета актуелниот светски шампион на ЕП.

Бензема не е член на „триколорите“ од 2015 година – тогаш беше отстранет поради секс скандал и уцените кон неговиот колега од националниот тим, Матје Валбуена.

Тренерот Дидие Дешан инсистираше во претходните години дека неговото мислење за настапот на Бензема во националниот тим не е променето, и покрај одличните настапи на офанзивниот играч во редовите на Реал.

„Л’Екип“ наведува дека неколку истакнати фудбалски работници во Франција разговарале со Дешан, вклучувајќи го и Арсен Венгер и дека успеале да го убедат тренерот повторно да го покани Бензема.

Франција ќе го започне походот кон обединување на титулите светски и европски шампион од групата „Ф“, т.н. „Група на смртта“, во која покрај Франција се и Португалија, Германија и Унгарија.

Бензема (33) е репрезентативец од 2007 година, а досега постигна 27 гола на 81 натпревар во националниот дрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот