Кралицата трипати се дотера во исто палто
И кралицата Елизабета Втора знае да ја повтори гардеробата која веќе ја носела.
Повторување на иста облека, па дури и на исти модни комбинации им се случува и на кралиците и принцезите, а познати по тоа се Кејт Мидлтон, Мари од Данска, Максима од Холандија и Летиција од Шпанија.
Но, би помислиле ли дека и кралицата Елизабета Втора, може да ја облече по втор па дури и по трет пат облеката која еднаш ја носела?! Може.
Кралицата се појави во јавност дотерана во портокалово палто од кашмир и со украсен дијамантски брош. Изгледот го заокружи со крнезна капа. Како моден додаток, таа ја одбрала чантата „Лаунер“ што кралицата ја носи околу шеесет години.
Интересно е што палтото од Стјуарт Парвин кралицата Елизабета првпат го облекла во 2013 година на Божиќ, а вторпат на 7ми февруари, 2018 година.
Ова не е првпат кралицата да ја повтори облеката која еднаш ја носела. На пример, во текот на 2017-та година, за време на настанот „Trooping the Colour“, кралицата носела небесно син фустан стар 12 години, откако го носела за првпат за време на посетата на Малта во 2005 година.