Крај за светските шампионки: САД и Андоновски елиминирани од Шведска

фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Денеска продолжи Светското фудбалско првенство во женска сениорска конкуренција со натпреварите од осминафиналната фаза.

Ќе добиеме нов шампион откако репрезентацијата на САД предводена од македонскиот тренер Влатко Андоновски загубија од Шведска со 5:4 на пенали, немаше голови по регуларните 90 минути и двете продолженија.

Противник на Швеѓанките во следната фаза ќе биде Јапонија која со 3:1 ја елиминираше Норвешка.

Позната е уште една четвртфинална двојка, Шпанија ќе ги одмери силите против Холандија.

Останатите четвртфинални мечеви на Мундијалот ќе се дознаат по одигрувањето на другите осминафинални натпревари: Австралија – Данска, Франција – Мароко, Англија – Нигерија и Колумбија – Јамајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот