Бенјамин Нетанјаху / Фото: EPA-EFE/MIRIAM ALSTER / POOL

Крај на примирјето? Нетанјаху нареди повторно активирање на армијата против Хезболах

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската војска ИДФ да нападне цели на Хезболах во Либан, соопшти неговиот кабинет.

Премиерот Нетанјаху им нареди на Израелските одбранбени сили да извршат тешки напади врз цели на Хезболах во Либан“, се вели во соопштението, според „Тајмс оф Израел“.

Хезболах претходно денес лансираше ракети и беспилотни летала кон северен Израел и војници стационирани во јужен Либан.

Како што пренесуваат израелските медиуми Хезболах секојдневно извршуваше повеќекратни напади врз израелските сили стационирани во јужен Либан за време на прекинот на огнот, тврдејќи дека реагира на наводните израелски прекршувања на прекинот на огнот.

Претходно, портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае, повторно ги предупреди цивилите во Либан да не се враќаат во јужниот дел од земјата, и покрај договореното примирје.

Трамп го откажа патувањето на Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан

Во текот на денот биле активирани сирени за тревога во областите Менара, Маргалиот и Мисгав Ама. Според израелски медиуми, од либанска територија биле истрелани три ракети.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена изјави дека примирјето меѓу Израел и Хезболах се продолжува за три недели, но и двете страни продолжуваат да се обвинуваат за негово кршење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот