Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Крај на една од најголемите традиции во Англија: На „Боксинг деј“ оваа година ќе се игра само еден натпревар

Традиционалниот „Боксинг деј“, кој со децении претставува вистински фудбалски празник за англиските навивачи, оваа година ќе изгледа сосема поинаку. Наместо ден преполн со премиерлигашки возбудувања и голови, на 26 декември ќе се одигра само еден натпревар, нешто што досега не се случило во модерната ера на англискиот фудбал.

Според англиските медиуми, густите распореди и обврските кон телевизиските права ја „пригушија“ традицијата. Бидејќи „Боксинг деј“ оваа година се паѓа во петок, Премиер лигата ќе го третира како обичен натпреварувачки ден, без целодневна фудбалска програма каква што навивачите се навикнати да гледаат.

Лигата мора да испочитува 33 викенди во сезоната резервирани за преноси и распоредот едноставно не дозволува сите натпревари да се одиграат на истиот ден. Затоа, натпреварите ќе бидат распределени низ викендот, како во секое друго коло.

Иако постои надеж дека во последен момент би можеле да се направат промени, извесно е дека оваа година традицијата ќе биде прекината, „празникот на фудбалот“ на 26 декември ќе донесе само еден премиерлигашки дуел.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот