Крај на бракот или врската во најсреќниот период: Зошто голем број на парови се разделуваат веднаш по раѓањето на детето?

Фото: Pexels/RODNAE Productions

Иако раѓањето на бебето обично е дел од љубовната приказна проследена со „Тие живееја среќно и задоволно до крајот на животот“, во реалноста овој настан може да однесе врската помеѓу двајцата партнери во сосема поинаква насока.

Студија спроведена во Велика Британија пред две години од страна на родителската страница „Channel Mum“ и компанијата за организирање настани поврзани со бременост и бебиња, „The Baby Show“, покажа дека дури петтина од паровите во оваа земја раскинуваат во првата година по раѓање на детето. Водечките причини вклучуваат недостаток на сексуални односи, слаба комуникација, фактот дека едниот родител се грижи повеќе за бебето и честите кавги.

Фото: Pexels/Yan Krukau

Во некои случаи, се случува помирување, но оние со поголеми проблеми дефинитивно ставаат крај на нивната врска. Една четвртина од испитаниците признале дека нивната врска со партнерот не била совршена дури и пред да се роди бебето, но таквата промена на животниот стил е првиот голем предизвик за парот.

„Заборавете на познатите седум години – шест месеци непроспиени ноќи кои се најголемата веројатност да ги разделат младите родители, тврди основачот на страницата Channel Mum“, Сиобан Фригард.

бебе
Фото: Pexels / Antoni Shkraba

„Иако обично се верува дека бебето ги приближува родителите уште поблиску, тоа не е секогаш така. Непроспиени ноќи, помалку време за блискост и дополнителна одговорност може да бидат тест за најдобра врска“, додава Фригард.

Фото: Pexels/Timur Weber

Таа исто така истакна дека родителите обично се подготвуваат финансиски за раѓање на дете и дека е особено важно да бидат емоционално подготвени. Имено, истражувањето покажало дека дури 60 проценти од учесниците во истражувањето веруваат дека не биле подготвени за влијанието што бебето ќе го има врз нивните животи.

„Несомнено е дека е стресно, како резултат на промената на спиењето, рутината и навикнувањето на фактот дека сега постои трето лице, на кое му треба постојана грижа. Најважно е да разговарате и да разберете како се чувствувате двајцата, како и да одвоите време еден за друг, како и за бебето“, советува Зои Бонсер од „The ​​Baby Show“.

Новата студија откри: Децата користат „токсични шминки за деца“

Нова студија откри: Татковците биле постари од мајките 250.000 години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот