Фото: INSADCO Photography / INSADCO Photography / Profimedia

Крадци однеле сеф со пари од фирма во центарот на Скопје, но радоста кратко им траела

Двајца крадци вчера рано утрото со алат откорнале и однеле сеф со пари од фирма за брз трансфер на пари во центарот на Скопје, набргу потоа биле фатени, соопшти полицијата.

„Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.„Козара“ на подрачјето на Центар во Скопје. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Жена му однела јајца со кокаин и марихуана на сопругот во затворот Идризово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот