Ковид-19 фатален за уште две лица од Тиквешијата на скопската клиника

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Двајца позитивни пациенти на ковид-19 од Тиквешијата починаа на скопска клиника.  нформацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Јовановски појасни дека станува збор за 81-годишен кавадарчанец и 66-годишно лице од Неготино.

Во изминатите 24 часа се евидентирани нови 40 случаи позитивни на ковид-19. Како што појасни Јовановски, 30 од Кавадарци, еден случај од Росоман, пет во Неготино и четири во Демир Капија. Сите се на возраст од 12 до 82 години. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот