Костовски: Криминални договори во здравството – за 20.175 денари дежураат и саботи и недели!
Здравствените работници од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје бараат повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток за сите без разлика на работното место и промена на колективните договори.
Препорачано
Претседателот на Независен синдикат на геријатрија, Лазо Костовски вели дека ниедна влада нема слух за проблемите во здравството.
– Не само оваа влада, туку и наназад. Здравството пропаѓа, тоне. Првите наши барања, основни, се покачување на платите линеарно за сите вработени. Сакаме да се променат колективните договори. Особено општиот колективен договор, воопшто не е добар. Затоа што не е направено усогласување на колективниот договор со Законот за минимална плата. Треба да се направат измени и во Законот за минимална плата и во Општиот колективен договор. Договорците на дело во овој момент страдаат повеќе затоа што доаѓаат на работа и саботи и недели и празници, работат за 20.175 денари, колку што е минималната плата. Тие се криминални договори, рече Костовски.
Тој кажа дека условите за работа се катастрофални во некои здравствени установи, а апелираше и да се распишат огласи за нови вработувања.


