Костенот е витаминска бомба, ја подобрува работата на мозокот и го зајакнува имунолошкиот систем

Profimedia

Покрај тоа што важи за вкусен есенски плод, костенот содржи поголеми количества витамини, минерали и антиоксиданти, кои спречуваа појава на одредени посериозни заболувања.

Полека но сигурно доаѓа сезоната на костени. Овој плод е многу вкусен и здрав. Во својот состав содржи поголеми количества витамини, минерали и антиоксиданси кои спречуваа појава на одредени посериозни заболувања.

Со што се е богат костенот

Костенот содржи најмногу јаглехидрати (околу 43 отсто скроб и околу 4 отсто шеќер), протеини, малку масти и растителни влакна. Богат е со витамини од Б групата, провитамин А и витамин Ц. Од минералите се присутни калиум, калциум, магнезиум, фосфор, сулфур, хлор, железо, манган и бакар.

Начин на негова употреба

Костените имаат широка примена во кулинарството. Тие најчесто се јадат варени, печени или во вид на пире. Варењето и печењето траат додека не се оддели лушпата од внатрешноста на костенот (делот што се јаде). Овој плод може да се користи и за правење палачинки, леб и колачи. Варениот костен е побогат со минерали додека печениот содржи поголема количина енергетски состојки (протеини, масти и јаглехидрати).

Секогаш кога купувате, избирајте сјајни, кафени, свежи и млади плодови. Избегнувајте ги старите и полесните плодови бидејќи се тешки за печење.

Profimedia

Диви костени

Покрај костените што се продаваат на зелените пазари и кои народски се познати како „питоми костени“, постојат и т.н. диви костени.

Дивиот костен не е за јадење бидејќи содржи одредена количина од отровот ескулин. Иако е отровен доколку се внесе во организмот, семето и листовите даваат позитивни резултати при лекувањето на проширени вени и хемороиди. Семето помага во регулирање на зголемена простата, дијареја и треска, а листовите лекуваат настинки и артритис. Екстрактот од семе од див костен ја подобрува циркулацијата.

Лековити својства

Костенот влијае врз правилното функционирање на нервниот систем, има антиоксидативно дејство, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и ја подобрува работата на мозокот. Се користи против настинки, дијареја и астма. Содржината на растителни влакна дава чувство на ситост, го намалува притисокот во цревата, влијае врз намалување на холестеролот, триглицеридите и количината на токсични супстанции во организмот. Јаглехидратите присутни во костенот даваат енергија што долго трае, а 100 грама костени содржат околу 213 калории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот