Коста Петров еден од учесниците во сообраќајката во Тафталиџе

Коста Петров / Фото: МИА

Поранешниот потпретседател на СДСМ и екс директор на Фондот за иновации, Коста Петров е еден од учесниците во сообраќајната несреќа која вчера утринава се случи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на „Веро“.

Од МВР информираат дека несреќата била пријавена кај нив околу 7 часот, а во која учествувале автомобил „БМВ“ и мотор „кавасаки“.

-На крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ со ул.„Њу Делхиска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ х3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(38) од Скопје и мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Н.(28) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот Б.Н. констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот