Косовскиот заменик-министер за здравство испратен во 14-дневна изолација

Фото: МИА

Косовските власти го пратија во 14-дневна изолација заменикот-министер за здравство Сретен Трајковиќ, откако денеска влезе во Косово од Србија преку еден од граничните премини меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според косовските медиуми, членот на кабинетот на Албин Курти, кој доаѓа од редовите на партијата на косовските Срби, Српска листа (СЛ), е изолиран согласно владините мерки за спречување на ширењето на заразата со вирусот Ковид-19, според кои лицата кои влегуваат во Косово првично се испраќаат на две недели во карантин.

Заменикот-министер Трајковиќ, кој, според медиумите, досега ниту еднаш не се појавил на работа во Владата на Косово, во Србија престојувал со цел да обезбеди помош за жителите на општина Грачаница, близу Приштина, во која мнозинството го сочинуваат етнички Срби.

Трајковиќ е именуван за втор човек во Министерството за здравство на Косово на 20-ти овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот