Косовска опозиција: Власта намерно ја саботираше денешната седница, избегнува да се соочи со скандали

Фото Архива на СП

Шефовите на пратеничките групи на Демократската партија на Косово и на Демократскиот сојуз на Косово, Абелард Тахири и Арбен Гаши ја обвинија Владата дека намерно го саботира кворумот за денешната седница на Собранието, за да не може да се зборува за нови скандали , пренесува Коха.

„Бевте и на последната седница на Претседателството кога побаравме да се расправа за аферата „Здраво“. На таа средба бевме спречени да водиме дебата, бидејќи побаравме појаснување од премиерот и шефот на пратеничката група на Самоопределување за комуникацијата со Радоичиќ. Ја затворија оваа седница за да не спречат да разговараме за таа афера „Здраво“. Меѓу другото таа е за злоупотребите што се случуваат во Министерството за трговија. Како пратеничка група ќе продолжиме да имаме континуирана заложба да одиме на избори“, рече Абелард Тахири.

Арбен Гаши рече и дека власта намерно не ги собрала пратениците за да не може да се зборува за последните скандали. Според него, шефицата на пратеничката група на Самоопределување, Мимоза Кусари-Лила ветила дека на денешната седница ќе има кворум.

„Денеска седницата заврши срамно, како што и почна. Оваа седница и оваа влада се карактеризира со неспособност, но не само тоа, се карактеризира со државно заробување, кршење на Уставот, скандали. Додавајќи на тоа меѓународни санкции. Затоа, Косово не може да си дозволи таква влада. Начинот на кој седницата беше затворена за да се оневозможи пратениците да го кажат својот став за прашања од интерес е процедурална, демократска и уставна повреда. Намерно не собраа пратеници за да го спречат Собранието да расправа“, рече Гаши.

Денешната седница на Собранието на Косово не се одржа, бидејќи немаше кворум, а парламентот ќе ја продолжи седницата по летната пауза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот