Косово: Ниту денешните сомнителни случаи не се заразени со коронавирус

Во државната болница во Приштина биле примени три лица кои допатувале од Италија – еден 69-годишен маж кој не е државјанин на Косово и двајца косовски државјани, на возраст од 25 и 23 години.

Резултатите од анализите на тројцата пациенти кои денеска беа хоспитализирани во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово (ЌКУК) под сомнение дека се заразени со коронавирусот покажаа дека тие не е носител на смртоносниот вирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Националниот институт за јавно здравство вечерва информира дека во текот на денешниот ден добил информација од инфентивната клиника на ЌКУК за три случаи за кои имало сомневања дека се можни носители на вирусот Ковид-19, но оти анализите биле негативни.

Во државната болница во Приштина биле примени три лица кои допатувале од Италија – еден 69-годишен маж кој не е државјанин на Косово и двајца косовски државјани, на возраст од 25 и 23 години.

Како и во неколкуте други случаи во минатите денови, анализите и на овие пациенти покажале дека не се заразени со смртоносниот вирус, што значи дека во Косово се уште нема регистрирано случај на носител на коронавирусот.

Во рамки на Министерството за здравство на крајот на минатата недела е формиран Комитет за следење на заразните болести, кој усвои План за готовност и реагирање при евентуална појава на коронавирусот.

Планот, како што беше соопштено, ги содржи активностите кои се преземени во случај да се јави потреба од справување со вирусот, а со него се опфатени речиси сите јавни здравствени установи, организациите и владините агенции, како и Безбедносните сили (ФСК), Полицијата на Косово и царинските служби. Меѓу другото, од вчера лекарски тимови се распоредени на приштинскиот меѓународен аеродром „Адем Јашари” и на граничниот премин Мердаре меѓу Косово и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот