Косово му забрани влез на Вук Јеремиќ, стигна и објаснување од косовското МНР

Фото: EPA/SRDJAN SUKI

Косовските власти денеска му забранија влез на претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ, јавија српските медиуми.

За случајот се огласи и министерка за надворешни работи на Косово, Доника Гервала. Таа потсети на политиката на оваа партија која вклучува „реинтеграција на Косово во уставно-правниот систем на Србија“ и рече дека ваквите повици се „рецепт за војна“.

Од Народната партија попладнево соопштија дека Јеремиќ денеска заминал за Косово каде требал да присуствува на основањето на Покраинскиот комитет на Народната партија.

Но, кога возилото во кое се наоѓал пристигнало на преминот било запрено и, како што тврди од партијата, задржано повеќе од два часа. На Јеремиќ потоа му била издадена писмена забрана за влез.

– Народната партија е една од ретките политички организации во Србија која се осмели да формира вистински и функционален Покраински комитет на Косово и Метохија. Нашата политика е јасна: Косово и Метохија е неотуѓив дел од Србија – се вели во соопштението.

Од оваа партија наведуваат и дека „враќањето на покраинската администрација во уставно-правниот поредок на Србија мора да биде долгорочна цел на секоја одговорна влада, колку и да изгледа тешко во однос на сегашните околности“.

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, ги потврди наводите за забраната за влез.

Забраната беше воведена поради наводите на Јеремиќ за реинтеграција на Косово, вели таа.

Според Геравала, поддршката за таквите идеи е слична на планот на Путин за „реинтеграција“ на Украина – „тоа е рецепт за војна“.

-Министерството за надворешни работи на Република Косово го спречи поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Јеремиќ, да влезе во Косово. Поддршката на Јеремиќ за „реинтеграција“ на независно и суверено Косово во Србија е слична на планот на Путин за „реинтеграција“ на Украина – тоа е рецепт за војна“, рече Гервала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот