Косово му забрани влез на српскиот министер за образование

Фото: blic.rs
Српските медиуми објавија дека српскиот министер планирал да биде присутен на почетокот на академската година на Српскиот универзитет во Приштина со седиште во Митровица, но му е забранет влез.
– Не е прв пат да не ми дозволуваат влез на Косово. По четврти пат ми е забрането влегување на територијата на Косово од страна на администрацијата во Приштина“, рече српскиот министер за образование, Младен Шарчевиќ, пренесува „Телеграфи“.
Тој рече дека не е јасно зошто му е одбиена дозволата.
– Кај властите во Приштина е забележливо дека не им се допаѓа што на територијата на Косово учиме на српски јазик“, додаде министерот во Владата на Србија.
Шарчевиќ вели дека неговата посета на Косово е важна особено во услови на пандемија и по договорот од Вашингтон, кога треба да започне фазата на признавање на дипломите меѓу Србија и косовската администрација.
Ова одбивање да се влезе во Косово е направено од повеќе причини. Од Министерството за надворешни работи на Косово за „Експрес“ изјавија дека српскиот министер не смеел да влегува во Косово поради продолжување на кампањата на Србија за непризнавање на Косово од страна на разни земји во светот.
– Причините за одбивањето се состојат од причини што Владата на Србија ја продолжува кампањата против признавање на независноста на Косово; Владата на Србија постојано ги ажурира меѓународните потерници за наводни воени злосторства во Интерпол за граѓани на Косово и поранешните војници на поранешната Ослободителна војска на Косово и Владата на Србија, и покрај напредните права на српската заедница на Косово, постојано се меша во напорите на институциите на Косово за подобра интеграција на ова малцинство и подобра координација – на северот на земјата“, се вели во одговорот на МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот