Илустративно фото: JACK GUEZ / AFP / Profimedia

Косово ќе ги субвенционира авиокомпаниите кои ќе ја превезуваат дијаспората

Од 1 јуни 2026 година, косовската Влада ќе ги субвенционира авиокомпаниите кои ќе ги превезуваат луѓето од дијаспората во земјата, јавува Анадолу.

Два милиони евра ќе бидат издвоени од буџетот за спроведување на мерката „Поддршка на дијаспората“. Оваа сума е наменета за поддршка на авиокомпаниите до дестинации што ја опслужуваат дијаспората, објави косовската Влада.

Програмата за субвенционирање на авиокомпаниите ќе се однесува на летови до неколку европски земји и ќе биде условена од реализација на летови од повеќе од 85 проценти.

Косовските медиуми, кои добија документ испратен од Меѓународниот аеродром во Приштина до своите партнери, објавија дека авиокомпаниите ќе можат да користат државни субвенции од три до шест евра по патник.

Оваа субвенција ќе се однесува на авиокомпании што имаат летови до Швајцарија, Германија, Австрија, Турција, Белгија, Франција, Шведска, Финска, Норвешка и Данска.

За да станат дел од оваа програма, авиокомпаниите мора да ги достават своите распореди на летање до аеродромот, а субвенцијата ќе им биде исплатена по преглед и проверка на перформансите на крајот од летната авиосезона, на 24 октомври 2026 година.

Авиокомпаниите ќе се соочат со три критериуми врз основа на кои ќе можат да ја користат оваа владина поддршка од два милиони евра. Според првиот критериум, авиокомпанијата примена во оваа програма мора да реализира најмалку 85 проценти од своите планирани летови и ако го стори тоа ќе добие три евра поддршка за секој патник.

Вториот критериум – ако авиокомпанијата оперира повеќе летови од планираниот основен распоред, ќе биде компензирана со шест евра за секој дополнителен патник на летот. Но, за да се исполни овој услов, 80 проценти од седиштата во авионот мора да бидат пополнети за секој дополнителен лет.

И третиот критериум за поддршка ќе биде исполнет ако авиокомпанијата отвори линии до нови дестинации што претходно ги немала од аеродромот во Приштина и ако работи со капацитет од 80 проценти исполнетост од бројот на патници, а за секој од нив ќе биде компензирана со шест евра.

Во овој документ, исто така, се наведува дека во координација со релевантните институционални страни, започната е иницијатива за одржување и зголемување на воздушните врски на Косово со Европа.

„Не патувајте низ Србија“: Вјоса Османи ја предупредува косовската дијаспора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот