Фото: mkd.basketball

Кошаркарите на Пелистер со желба за реванш и победа во Гевгелија

Полни со самодоверба и со желба за реванш, кошаркарите на Пелистер го очекуваат денешниот дуел од второто коло во плејофот во кое во Гевгелија ќе му гостуваат на тимот на Кожув (17.00 часот).

Без оглед на двата порази сезонава од денешниот противник, „пелистерци“ се свесни дека квалитетот е на нивна страна, но и дека тоа мора да биде потврдено на терен, единственото мерило да се покаже кој е кој и да се зацврсти на третото место на табелата.

Триумфот над Маџари го врати Пелистер во посакуваниот ритам, а со победа во Гевгелија само уште повеќе ќе се зголеми самодовербата пред клучните битки и разигрувањето за титулата што ќе следи следниот месец.

„Зелено-белите“ знаат како се победува во Гевгелија, имаа пет победи во низа во градот од југот до последните два порази, во февруари 2025 и во април 2026 година.

Токму затоа, денешниот меч е идеален за враќање на тие победнички патеки. Пелистер знае и може да влезе во триумфален ритам, токму во најважниот дел од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот