Кошаркарите на Пелистер остануваат перфектни во Првата лига
Лидерот на табелата во кошаркарската прва лига, Пелисер со убедливи 96.68 го совлада вториот тим на „металците“, МЗТ Скопје УНИ Банка и го задржа максималниот ефект по седмото коло.
Препорачано
Пелистерци дилемите околу победникот ги решија во првото полувреме кои го добија со 51:39, а во третиот дел предноста да се зголеми и на плус 30 поени (85:55).
Никола Малешевиќ со 17 и Дејвид Хотон со 15 поени беа најдобри кај Пелистер каде се истакнаа уште и Младеновски и Стајиќ кои дадоа по 14 поени.
Во редовите на МЗТ Скопје најдобар беше Кахим Рансом со 16 постигнати поени.
Фаворитската улога ја оправда и МЗТ Скопје кој со убедливи 117:77 славеше на гостувањето кај Ангели.
„Металците“ ги добија сите четири четвртини и уште еднаш покажаа дека се наоѓаат во одлична форма откако изминатата недела остварија две победи во АБА2 лигара на турнирот кој се играше во Осијек.
Мекиќ со 19 и капитенот Стојановски со 17 поени беа најдобри кај „металците“ додека кај домашниот тим кој се уште ја чека првата победа најрапосложени за игра беа Мандерсон њо 25 и Васар со 20 постигнати поени.


