Фото: EPA/ABIR SULTAN

Кошаркарите на Хапоел го напуштаат Израел: Клубот со итно соопштение, еве каде ќе бидат сместени

Кошаркарите на Тел Авив тргнаа кон Атина, Грција, каде што ќе најдат „дом“ до понатамошно известување, објави израелскиот клуб.

Настаните по почетокот на заедничката воена операција на САД и Израел влијаат и на спортот, но и на самите спортисти, особено на оние кои се натпреваруваат во Израел и Иран.

Тимот на Хапоел моментално е на пат кон Атина, преку Еилат во Израел и Теба во Египет, од каде што ќе лета за Атина.

Натпреварот на Хапоел против Париз во Израел на 3 март е одложен.

– Драги навивачи, вчера Евролигата го објави одложувањето на натпреварот против Париз, кој требаше да се одржи во Тел Авив овој вторник. Ги следиме упатствата и развојот на настаните и ќе ве информираме што е можно поскоро. Тимот и стручниот штаб сега патуваат за Еилат, а утре ќе летаат за Атина преку Таба, каде што ќе останат до понатамошно известување. Ве молиме следете ги упатствата на Командата на домашниот фронт и грижете се за вашата безбедност. Ќе продолжиме да ве известуваме за сите случувања – стои во соопштението на израелскиот кошаркарски клуб Хапоел Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот