Коронавирусот се шири во НБА, заразени тројца „кралеви“

twitter/Sacramento Kings

Екипите кои ќе играат во продолжението од сезоната во НБА започнаа со тестирањата на ковид-19.

Кошаркарите на Сакраменто кингс, Бади Хилд, Џабари Паркер и Алекс Лен се позитивни на коронавирус и тие се чувствуваат добро и немаат посериозни симптоми.

– Пред неколку дена имав позитивен тест на ковид-19 и веднаш се самоизолирав во Чикаго каде се наоѓам во моментов. Се опоравувам и се чувствувам добро. Едвај чекам да одам во Орландо и да им се приклучам на соиграчите – изјави Паркер.

Благодарение на тимот и на прооколот кој е воспоставен успеавме да го откриеме овој вирус во рана фаза – рече центарот на „кралевите“, Алекс Лен.

Вчера пак, позитивен на коронавирус беше и кошаркарот на Индијана Пејсерс, Малком Брогдон, а пред два дена откриено е дека и Никола Јокиќ е позитивен на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот