Коронавирусот не е единствен проблем за САД: На Американците сега им се закануваат 55 болести (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Дури и стаорците, кои се едни од најотпорните животни, почнаа да водат брутална војна за да ја преживеат пандемијата на коронавирусот, а воедно станаа и голема опасност дека заради недостаток на храна би можеле да се прошират по куќите и да ги заразат луѓето со некои од 55-те болести кои ги пренесуваат.

Заради затворањето на бројни ресторани и мали бизниси стаорците се соочени со недостаток на храна, тие стануваат и канибали, така што станува јасно дека сегашната економска ситуација е лоша за нив.

Стаорците, кои успеаа да ги преживеат сите катастрофи во последните 160 милиони години, денеска се соочени со проблеми, а најголемиот е воочен во Њу Орлеанс, кога луѓето се затворија во домовите заради епидемијата на коронавирусот, која во тој град е дупло посмртоносна по глава на жител отколку во Њујорк, кое е жариштето на епидемијата во САД.

Боби Кориган, експерт за глодачи, специјализиран за градски стаорци, потсетува дека само во Њујорк се затворени илјадници ресторани и дека ситуацијата е уште полоша ако се гледа од брег до брег.

– Стаорците кои живееле во рестораните или некаде во близина, и со децении растеле други генерации на стаорци кои зависеле од отпадот на ресторанот, сега имаат проблем, но и неколку избори, вели Кориган.

– Тоа што тие го прават сега за да преживеат е истото што го имаме видено низ човечката иссторија кога човештвото се борело за да преземе некоја територија, се бореле до смрт. Во овој случај се борат војски на стаорци и најсилните ќе ја освојат територијата и храната, вели Кориган.

– Кога сте навистина, очајно гладни, ќе почнете да се однесувате навистина лошо, така што тие се борат едни со други, возрасните ги убиваат младите и ги јадат како канибали, бидејќи тоа е единствениот начин да преживеат, рекол Кориган.

Експертите велат дека одредени градски зони ќе бидат позагрозени од други, особено таму каде и пред сегашната ситуација имало многу стаорци.

Тие ги советуваат луѓето во тие средини исклучително да внимаваат при изнесување на ѓубрето, но и на тоа дека на стаорците им се потребни два сантиметри да се стиснат и да се протнат низ пукнатина.

Никој не сака тоа да му се случи, не ги сакаме во куќите, становите, рестораните и работните места, а и опасни се со 55-те болести кои можат да ги пренесат, навеле експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот