Коронавирусот направи хаос во мак ракометот, нови позитивни и во Охрид

фото: фејсбук

Само еден ден откако РК Работнички објави дека дека има 16 позитивни ракометари на коронавирус, денеска уште еден клуб открива дека има позитивни ракометари на ковид-19.

РК Охрид: Еден ракометар и член на клубот позитивни на Ковид-19

Овој пат РК Охрид објави дека има четири случаи на позитивни на ковид-19 со што бројката на заразени со коронавирус во овој клуб се зголеми на шест лица.

„После појавување на вирусот ковид-19 во ракометниот клуб Охрид, ракометарите, стручниот штаб и логистиката беа тестирани, а резултатите покажаа вкупно шест заразени лица во нашиот клуб, вклучувајќи ги и првите два случаи. Пет од нив се ракометари, додека шестиот е член на управата. Лицата се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба“ – стои во соопштението на РК Охрид.

РФМ одлучи Групата А привремено да ја суспендира откако КЛ7 објави дека речиси целиот тим е позитивен на коронавирус по што и се појавија случаи и во останатите екипи, во Радовиш, Струга и сега во Охрид.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот