Коронавирусот го одложи процесот за „Титаник 3“

Исмет Гури, првообвинет во предметот денеска не се појави на рочиштето затоа што е лице кое 20 години боледува од дијабет и спаѓа во групата на луѓе за кои Владата, која пак даде препораки да не излегуваат од дома како мерка за заштита од вирусот Ковид 19.

Судењето за случајот „Титаник 3“ е одложено за 25 март согласно препораките на Владата за справување со коронавирусот изјави денеска судијката Марија Клетничка, која извести дека нејзината одлука се  темели на препораките од Владата на Македонија.

Исмет Гури, првообвинет во предметот денеска не се појави на рочиштето затоа што е лице кое 20 години боледува од дијабет и спаѓа во групата на луѓе за кои Владата, која пак даде препораки да не излегуваат од дома како мерка за заштита од вирусот Ковид 19.

– Стануваа збор за лице во ризик кој добива инсулинска терапија. Согласно одлуката на Владата оваа лице треба да го ограничи своето движење – кажа адвокатот Еленко Миланов.

За ваквата постапка на Гури реагираа обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски кој наведоа дека станува збор за препорака на Владата, а не за забрана и од тие причини сметаа дека судењето за овој предмет кој е во фаза на завршни зборови треба да продолжи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот