Коронавирусот ги затвори синагогите, црквите и џамиите во Ерусалим

Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим денес е затворена поради епидемијата на коронавирусот.

Одлуката за затворање на овој храм е донесена по состанокот на израелската полиција и управата на црквата, во рамки на рестриктивните мерки на израелската влада поради коронавирусот, соопшти официјално лице од црквата.

– Иницијалната одлука е донесена за период од една недела, иако никој не знае колку ќе потрае кризата – рекол претставникот на црквата, а пренесува „Ројтерс“.

Католичкиот Велигден оваа година е на 12 април и тогаш, во нормални услови, би можеле да се очекуваат илјадници верници и туристи, но улиците на Ерусалим овие денови се речиси потполно празни.

Православците го слават Велигден една недела подоцна, а раководството на црквата се надева дека ќе успее да се договори со државните органи сепак да се дозволи присуство на ограничена бројка на верници.

Рестриктивните мерки за црквите се вовеени пред една недела кога на католичките свештеници им е наложено причестувањето да им го предаваат на верниците во рака.

Властите во Израел издадоа наредба да се затворат синагогите и молитвите да се одржуваат на отворен простор за најмногу 10 луѓе.

На ортодоксните Евреи им е упатен апел да се воздржат од масовни молтивни на Ѕидот на плачот, а муслиманските свештеници ги одложија масовните молитви во комплексот на џамијата Ал Акса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот