Корона „збриша“ една четвртина од германскиот БДП

Развојната банка на Германија предвидува дека германскиот БДП оваа година ќе забележи пад од 6 проценти, но дека следната година ќе порасне за 5 отсто.

Германското економско производство забележа пад од 20 до 25 отсто за само неколку недели како последица на епидемијата од корона вирусот, соопшти државната развојна банка, проценувајќи дека врвот на падот веројатно поминал во април, доколку земјата не се соочи со втор бран.

Со ублажување на бројни мерки, економијата би дребало барем делумно да се нормализира до лето, се вели во соопштението на банката од каде додаваат дека следува многу брз раст во третиот квартал од годината, пренесува „Ројтерс“.

Развојната банка на Германија предвидува дека германскиот БДП оваа година ќе забележи пад од 6 проценти, но дека следната година ќе порасне за 5 отсто.

Ваквите проекции се многу слични со оние објавени од страна на германската влада кон крајот на април, во кои се предвидува пад на БДП од 6,3 отсто и раст од 5,2 проценти следната година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот