Корона вирусот ја разори американската економија – доларот во длабок минус

Американската валута, доларот забележа најголем неделен пад во кошницата од највлијателни и најважни светски валути.

На светскиот пазар за валути вредноста на доларот во однос на останатите највлијателни светски валути забележа пад трета недела со ред, додека курсот на јенот достигна највисоко ниво во однос на доларот за период од две недели.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на останатите шест најзначајни светски валути ослабна претходната недела за 0,82 отсто, на 96,451 бод.

Доларот исто така забележа и најголем пад и на ниво на месец дена.

Курсот на еврото во однос на доларот минатата недела порасна за 0,28 отсто, на 1,1281 долари. Во однос на јапонската валута пак, цената на доларот падна за 0,29 отсто, на 107,19 јени. Тоа е највисок курс на јенот во изминативе две недели.

Јенот зајакна бидејќи со растот на новозаразени од ковид – 19 во светот на меѓународните девизни пазари минатата недела се вложуваше во сигурни валути, како што е јапонската.

Всушност, податоците за бројот на заразено до ковид – 19 во САД секој ден пробиваат нов рекорд. Сами минатиот петок беа заразени 69 илјади лица.

Сега во САД бројот на заразени од корона вирусот надмина 3 милиони, па сега секој стоти Американец е заразен. Притоа, во низата сојузни држави – во Калифорнија, Ајдахо, Мисури, Монтана, Оклахома, Тексас и на Хаваите бројот на заразени достигна највисоко ниво забележано за еден ден.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот