Коронавирусот го извади „трулежот“ на ЕУ на површина: Со кредити наместо солидарност ги доведува следните генерации во сиромаштија

Економската помош на ЕУ за владите во државите членки ќе зависи од нивната задолженост.

Корона вирусот откри фатална пукнатина во ЕУ, недостаток на солидарност, е насловот на авторскиот текст на францускиот економист Шахин Вале, кој бил советник на Емануел Макрон во време додека тој бил министер за финансии, а бил и советник на Херман ван Ромпуј, некогашен претседател на Европскиот совет.

Вале пишува дека во ЕУ нема доволно солидарност да им се помогне на државите кои се најтешко погодени од пандемијата, како што се Италија, Шпанија, како и дека нив им се понудени само кредити кои ќе мора да ги враќаат и поради кои идните генерации во овие земји ќе живеат сиромашно.

– Европскиот самит минатата недела беше момент на вистината. Неодамна францускиот претседател Емануел Макрон рече дека европските лидери имаат средба со историјата и сега треба да се соединат и здружат а со тоа и да покажат како Европа во моментите на криза може заеднички да одговори. Меѓутоа, врз основа на мерките кои се донесени, јасно е дека европските лидери ја пропуштија таа средба со историјата, пишува францускиот експерт.

Тој објаснува дека на самитот бил оддржан план за излез од карантинот во моменти кога сите земји членки сами донесоа планови без многу меѓусебна координација.

Поради недостатокот на координација, но и големиот диспаритет меѓу земјите, сега се ризикува со втор бран на корона вирусот, истакнува Вале.

Меѓутоа она што дополнително го подвлече недостатокот на солидарност се економските мерки.

– Лидерите се договорија за план за економски опоравување кој е некомплетен и неизбалансиран, а со тоа ќе се посее семе на длабоки разлики меѓу државите членки. Поголем дел од нив донесоа мерки кои им овозможуваат на владите да му помогнат на корпоративниот сектор онака како што тие сметаат дека треба да биде. Тоа е неопходно со оглед на околностите, но тоа може да си го допуштат само оние земји кои имаат најголему буџети. Во овие земји државната финансиска инјекција во економијата, поволни кредити за економијата и гаранција, ќе им овозможи на корпоративните сектори да ја издржат кризата. Но исто така длабоко и трајно ќе ги поткопаат рамноправните услови внатре во единствениот пазар на ЕУ, додава Вале.

– Можноста за поддршка за граѓаните и невработените многу ќе варира од држава до држава, создавајќи трајни лузни кај најслабите.

Вале истакнува и дека европскиот самит поддржал инструменти кои ги предложиле министрите за финансии, засновани во потполност врз идејата дека помошта од ЕУ доаѓа во форма на заеми.

Иако сега се намалува цената на задолжување, тоа нема да го поправи долгорочниот неодржлив товар на задолжување кој што ќе го создаде кризаљта, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот