Копач: 2020 одлучувачка за Западен Балкан по прашањето за обновливи извори на енергија

Северна Македонија многу амбициозно го подготвува својот прв климатски план за енергетската заедница кој би требало да биде усвоен наредните месеци.

Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач, оцени дека оваа година ќе биде одлучувачка за регионот Западен Балкан во однос на прашањето за премин на обновливи извори на енергија и отстапување од користењето фосилни горива.

Копач на форумот „Одржливост на енергетската заедница“ во Виена наведе дека е оптимист кога станува збор за развојот на случувањата кои придонесуваат за одржлив развој не само во енергетскиот сектор, туку и во целиот економски сектор во регионот.

– Црна Гора оваа година воведе национален механизам за декарбонизација, вели тој и додава дека пандемијата од корона вирусот ќе придонесе за убрзување на „зелениот договор“.

Албанија неодамна на тендер ја усвои цената на електричната енергија која се добива од сончева енергија и таа според зборовит на Копач ќе чини под 25 евра за мегават часови, што е навистина многу евтино и е пример за цел регион.

Северна Македонија многу амбициозно го подготвува својот прв климатски план за енергетската заедница кој би требало да биде усвоен наредните месеци.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот