Конте: Не чувствувам дека титулата ми е во „џеб“, таму имам само 40 евра!

epa08796402 Internazionale's head coach Antonio Conte reacts before the UEFA Champions League group B match between Real Madrid and FC Internazionale at Alfredo Di Stefano stadium in Madrid, Spain, 03 November 2020. EPA-EFE/JuanJo Martin

Тренерот на Интер вели дека има уште да се игра до крајот на сезоната и дека не може да се слави титула.

„Неро-аѕурите“ вчера остварија нов триумф во Серија А против Аталанта, и направија важен чекор во трката за Скудетото оваа сезона.

Стратегот на клубот, Антонио Конте доби прашање од новинар дали чувствува дека во „џебот“ има титула, еве што одговори:

– Доколку погледнам во џебот, ќе најдам 40 евра – се насмеа Конте и додаде:

– Отидов по бензин пред мечот и ми останаа само 40. Мораме да продолжиме да играме. Уште два натпревари до паузата, првиот е против Торино, кој е во долниот дел од табелата, а вториот со Сасуоло кој на сите им прави проблеми во лигата – се зборовите на Конте.

Моментно во генералниот пласман води Интер со 62 бодови, шест повеќе од второпласираниот Милан, следуваат Јувентус (52), Рома (50), Аталанта (49)..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот