Конфликтите во Косово започнаа пред 40 години, што е сменето оттогаш?

Принтксрин - Kosovo online

Денешниот конфликт во северно Косово предизвика бројни реакции од сите страни вклучени во инцидентот, а тој е само еден од многуте вакви инциденти меѓу Косово и Србија во изминатите години. 

Дури и пред 40 години, Косово беше потресено од немири 

Денешните немири на Косово, се случуваат четириесет години откако првите немири во 1981-ва година ја потресоа тогашната социјалистичка Југославија.  

Многу се промени во тие четири децении, косовските Албанци и косовските Срби ги заменија позициите кога станува збор за позициите на моќ и немоќ, но не се промени тоа дека Косово останува нестабилна област, исто толку експлозивна како што била и тогаш. 

Поводот за албанските протести во 1981 година беше лошата храна во студентските кантини во Приштина, главниот град на најсиромашниот дел на СФРЈ. Протестите на студентите против лошите услови за учење и живеење од крајот на зимата во 1981-ва година прераснаа во масовни демонстрации на улиците во косовските градови, што предизвика силна и насилна полициска реакција и доведе до вонредна состојба и неколку неделен полициски час.  

Потоа следеа апсења на бројни учесници во немирите и разрешување на раководството на партијата на Лигата на комунистите на Косово. 

Страв од косовските Албанци по смртта на Тито  

Причините за немирите во Косово беа сложени. Смртта на Тито во мај 1980-та година го постави прашањето за можни уставни измени. Меѓу косовските Албанци, кои го сочинуваа апсолутното мнозинство од населението на Косово (77,4 проценти), почнаа да се шират стравувања дека смртта на Тито може да и дозволи на Србија да ја врати власта над Косово. Според Уставот од 1974-та година, Косово стана автономна покраина во рамките на СФРЈ.  

Постоеше мислење дека Косово треба да стане република во рамките на СФРЈ, што подоцна стана слоган на првите големи демонстрации во 1981-ва година. За радикализацијата на ситуацијата во Косово придонесе и големата економска криза што ја погоди поранешна Југославија, која имаше сериозно влијание врз и онака најсиромашната покраина Косово, и која доживуваше последици од демографската експлозија, односно голем број млади луѓе кои се соочувале со невработеност и недостаток на сериозни перспективи за живот. 

Јосип Броз Тито / Profimedia

Брутална реакција на милицијата и доаѓање на ЈНА во Косово 

Протестите започнаа на 11 март 1981-ва година, во кантината во студентски дом, каде лошиот квалитет на храната беше само изговор. Првично, се извикувале само слогани за социјална природа, за потоа да почнат да се извикуваат слогани што укажувале на позицијата на Косово во Југославија („Трепча работи, Белград се гради“).  

Покраинските власти реагирале со испраќање на полицијата до студентите преку ноќ. Неколку десетици студенти биле приведени, а покраинското раководство потоа ги осудило протестите на вонредниот состанок и се чинело дека кризата завршила.  

Но, тоа беше само почеток на немирите во Косово. Југословенското раководство ги опиша протестите, како и нивниот слоган, како „закана за територијалниот интегритет и суверенитет на Југославија“.  

На 2-ри април, тогашното Претседателство на СФРЈ прогласи вонредна состојба на Косово и ја испрати ЈНА, вклучително и оклопни единици, да го воспостават редот. Демонстрацијата на сила била доволна за брзо смирување на немирите, иако во некои градови во Косово тие биле смирени на 30-ти април, а последниот од нив на 17-ти мај. 

За време на кризата, југословенските власти упорно се обидуваа да ја прикријат или сокријат вистинската состојба на работите во Косово. Ваквите напори се поврзани со анегдотата дека еден од партиските функционери, слушајќи ја новинската агенција Ројтерс да ја извести меѓународната јавност дека нешто се случува, извика „Запрете го Ројтерс!“.  

Десетици луѓе биле убиени 

Федералните власти го признаа бунтот само неколку дена по задушувањето, кога тогашниот федерален секретар за внатрешни работи, Стане Доланц, на прес -конференција објави дека 9 луѓе загинале во немирите.  

Албански извори, пак, наведувале дека бројот на убиени бил далеку поголем, односно неколку десетици луѓе, од кои повеќето биле убиени од ЈНА. Крвавото задушување на протестите на Косово во 1981-ва година всушност беше почеток на долгата борба на косовските Албанци за нивните права. 

Со подемот на Слободан Милошевиќ во Србија, на власт дојде угнетувачка политика, која само ги влоши работите. Милошевиќ ја укина автономијата на Косово, која беше вовед во новите конфликти, а потоа следеше распадот на војната на Југославија, што всушност кулминираше со војната на Косово кон крајот на 1990 -тите.  

Што се промени на Косово за 40 години  

Под изговор дека Србија врши етничко чистење на Косово, СР Југославија доживеа неколкумесечно бомбардирање од стран на НАТО и ја загуби власта во Косово, кое пак прогласи независност во 2008 година. Со Милошевиќ, а подоцна и со другите лидери, Србија направи се за Косово да загуби, иако се уште не ја признава нејзината независност и го смета за дел од нејзината државна територија.  

По четириесет години од немирите во 1981-ва година, Косово излезе од автономна покраина во рамките на СФРЈ, како обесправен и угнетен регион во рамките на Србија на Милошевиќ, која беше дел од Сојузна Република Југославија, во меѓународен протекторат и меѓународно признаена независна држава.  

Многу нешта се променија, некои кон полошо, како што е и статусот на Србите и Албанците во таа област. Во раните 1980 -ти, милицијата ги тепала Албанците, денес косовската полицијата ги тепа Србите.  

Во исто време, многу работи останаа исти. Се уште има немири, брутален третман од страна на органите на прогонот, етнички мотивирано насилство, закани за војна, национализам и Косово како потенцијално балканско буре барут. Денешниот инцидент повторно предупредува на ова.  

Како што би рекол познатиот италијански писател Џузепе ди Лампедуза во неговиот познат роман Гепард: „Работите се менуваат за да останат исти“. 

ВИДЕО: Со солзавец и шок бомби косовската полиција изврши рација во Северна Митровица, граѓаните блокираат улици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот