Конечно свадба: Готвачот Марк Де Јонг „рипна во тавче“

Instagram
принтскрин / инста

Марк Де Јонг одлично ѝ е познат на јавноста по своите кулинарски умешности, но и по шоуто „Брза кујна“ каде со неговиот колега Никола Мишковски и гостите секој ден ги докажуваат готварските вештини.

Приватно Марк долго време беше во врска со Василка Димовска, врска која викендов е крунисана со брак.

Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Свадбата со сите македонски нишани се одржа во ресторанот „Камник“ а поради актуелните ковид-мерки присуствуваа мал број гости. Сепак невестата блескаше во прекрасната венчаница, а младоженецот кој има македонско-белгиско потекло, не ги остави свирачите ни минута да одморат и од среќа се качи на тапанот.

instagram/printscreen
Фото: Принтскин / Instagram

Инаку Марк зад себе има еден брак од кој има две возрасни деца, а сликите и кусо видео од свадбата на својот инстаграм-профил сподели токму неговиот син Микаел Де Јонг.

Фото: Инстаграм
Фото: Принтскрин / Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот