КОНЕЧНО ПОБЕДА: Хјустон славеше на гости кај шампионот

twitter/nba

Хјустон рокетс извојува победа против Торонто репторс во најинтересниот натпревар во НБА лигата, одигран рано утрово.

Тексашаните, на тој начин, ја прекинаа серија од три гостински порази по ред.

Канадскиот тим во одбраната се фокусураше на неутрализација на Џејмс Харден, постојано го удвојуваа, па затоа „брадата” даде за него скромни 23 поени.

Но, „ракетите” покажаа дека имаат и други квалитетни играчи, па Расел Вестбрук направи трипл-дабл, Бен Мек Лемор уфрли 28 поени, а Пи Џеј Такер имаше 18 поени и 11 скока.

Резултати од натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта четврток кон петок: Вашингтон – Филаделфија 119:113, Њујорк – Денвер 92:129, Торонто – Хјустон 109:119, Њу Орлеанс – Феникс 132:139.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот