Конечно ја знаеме вистинската причина за разделбата на Џенифер Лопез и Алек Родригез
Џенифер Лопез наводно ја раскиналa свршувачката со Алекс Родригез поради проблеми со довербата. На почетокот „се шушкаше“ дека неверството на Алекс е причината за раскинување на раскинуваат свршувачката.
Препорачано
Сепак, извор изјави за „People“ дека дури и пред тие гласини, Џеј Ло не можела целосно да му верува на Родригез.
View this post on Instagram
„Таа инсистираше на раскинување. Има премногу нерешени прашања. На крајот сепак размисли дека не е во нејзин најдобар интерес да остане со него“, изјавил извор за „People“. Пандемијата влијаела и на нивната врска. Бидејќи се гледале секој ден, а притоа немало повеќе хемија меѓу нив.
Изворот не потврдил, но не ги ни негирал гласините дека Алекс ја изневерил Џенифер.
„Без разлика дали изневерил или не, не е важно. Таа нема да толерира страв од измама“, додал изворот.
View this post on Instagram
Претходно се шпекулираше дека ријалити ѕвездата Медисон Лекрој е причина за нивното раскинување, но таа го негираше тоа.
„Ме контактираше, да, разменивме неколку пораки, но само тоа, немаше ништо повеќе… Никогаш не го видов и не го допрев. Ние бевме само познаници. Никогаш физички не ја изневерил својата свршеница со мене“, изјави Медисон за „Page Six“.


