Концертна журка со „Амадеус бенд“ во ресторан „Дион“ во Скопје

Фото: Промо

Најпопуларниот музички состав „Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион, на 17 март, четврток, со почеток во 20:00 часот во скопскиот ресторан „Дион“ ќе одржи уште еден незаборавен настап во живо.

Спектакуларна журка на која Џаја и екипата ќе ги изведат своите најголеми хитови и концертно ќе ја промовираат новата песна „Београд“ на која за последен пат свири нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од коронавирусот.

Настапот на „Амадеус бенд“ е настан на кој кога еднаш се присуствува, постојано се раскажува, а нивниот следен – не се пропушта.

Бројот на места е ограничен, затоа не пропуштајте да резервирате на: 072/ 222 – 445

Настанот ќе биде организиран според сите важечки протоколи за ковид-19.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот