Предраг Кон / Фото: Принтскрин / Јутјуб / Happy TV

Кон: На околу 2,2 милиони дадени вакцини во Србија, нема ниту еден анафилактичен шок

 Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денеска дека од околу 2.2 милиона вакцини против коронавирусот аплицирани во државата, досега не е забележан случај на анафилактичен шок.

Тој во изјава за локални медиуми нагласи дека во текот на вакцинацијата досега, во Србија се регистрирани околу 600 несакани реакции на вакцината.

Според него, ставовите на оние кои се противат на вакцинацијата во моментов се „без поддршка” затоа што имунизацијата се одвива на доброволна основа. – Суштината е дека постои страв од самата вакцина, што е целосно неосновано, рече Кон.

Во Србија вакцини има, нема кандидати за вакцинирање?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот