„Комунална хигиена“ треба да плати 1500 евра за ѓубрето во општина Кисела Вода

Фото: Општина Кисела Вода

Скопје со недели изгледа како голема депонија и се дави во отпад, а ситуацијата се влошува со високите температури. Како што вели градоначалникот на Општина Кисела Вода, отпадот не се собира редовно, се шири неподнослива миризба во секоја општина, а не е искучок ниту Кисела Вода.

– Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП „Комунална хигиена“ и градоначалничката на Скопје, кои се грижат за хигиената во главниот град! Досега неколкупати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успејаа со проактивност од страна на ЈП ,,Комунална хигиена“, кое сите граѓани на Скопје го плаќаме – вели Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека минатата година, кога комуналците штрајкуваа, градоначалниците сами се обидоа да го соберат ѓубрето што стоеше несобрано и дека нема да дозволи ова да се случи повторно.

– Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен. Увидовме дека ситуацијата е катастрофална и поради тоа понесовме прекршочна пријава до „Комунална хигиена“ и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата на се подобри. Секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава – вели градоначалникот на Кисела Вода.

Општинскиот сектор за инспекција издал прекршочен платен налог во износ од 1500 евра за јавното претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот