Компанијата Рио Тинто ќе одвои 2,4 милијарди долари за реализација на проектот Јадар во Србија

Фото: EPA-EFE/MICK TSIKAS

Компанијата Рио Тинто денеска соопшти дека ќе одвои 2,4 милијарди долари за изградба на рудник и погони за преработка на литиум-борат за проектот Јадар во Лозница, пренесе Бета.рс.

„Проектот Јадар е должен да ги добие сите релевантни одобренија, дозволи и лиценци и ќе продолжи да се спроведува во соработка со локалната заедница, Владата на Србија и невладиниот сектор. Ова е важна пресвртница за проектот и силна потврда за определувањето на Рио Тинто да ја поддржи Србија како водечки снабдувач на литиум, имајќи го предвид обемот и високиот квалитет“, се наведува во соопштението.

Планирано е да се произведува литиум карбонат со квалитет погоден за производство на батерии, кој претставува минерал кој се користи за производство на батерии за електрични возила и складирање на обновлива енергија.

Рио Тинто проценува дека реализацијата на проектот Јадар ќе го позиционира како најголем производител на литиум во Европа најмалку во следните 15 години. Покрај тоа, се планира Јадар да произведува борати што се користат во развојот на опрема за обновлива енергија, како што се соларни панели и ветерни турбини.

Проектот Јадар вклучува подземен рудник со придружна инфраструктура и опрема, вклучувајќи електрични влечни возила, како и фабрика за хемиска обработка со квалитет на литиум карбонат, погодна за производство на батерии.

Извршниот директор на Рио Тинто, Јакоб Стаусхолм истакна дека компанијата има голема доверба во проектот Јадар.

„Подготвени сме да инвестираме, под услов да ги добиеме сите потребни дозволи. Овој проект ќе им овозможи на Србија и Рио Тинто да одговорат на зголемената побарувачка на литиум, во согласност со глобалната енергетска транзиција и да го зајакнат нашето снабдување особено на европскиот пазар. Јадар има потенцијал да обезбеди доволно литиум за напојување на над милион електрични возила годишно “, рече тој.

Одобрувањето на студијата за проценка на влијанието врз животната средина е неопходна за почеток на работите, а изградбата на рудникот се планира да започне во текот на 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот