Компанијата Лидл повлече вафли со путер и сируп од продажба
Компанијата Лидл ги повлече своите вафли со путер и сируп од продажба во Германија поради можно присуство на метални честички. Пакувањето на овие тркалезни вафли со тежина од 560 грама, кое се продава под името „Stroopwafel“, за синџирот Лидл го произведува холандскиот добавувач Biscuit International, објавува Шпигел.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Вафлите се продавале во сојузните покраини Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин, Бранденбург, Бремен, Хамбург, Хесен, Мекленбург-Западна Померанија, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија, како и Сарланд, Саксонија и Шлезвиг-Холштајн, објави весникот.
Производот може да се врати во сите продавници на Лидл, а на клиентите ќе им бидат вратени парите.
Порталот Produktwarnung.eu регистрирал повлекување или предупредувања за речиси 42 производи месечно во изминатите 12 месеци. Производите најчесто се повлекуваат од продажба поради присуство на туѓи супстанции. Според организацијата Foodwatch, во Германија се евидентираат две до три повлекување на прехранбени производи неделно.
Според „Шпигел“, статистички гледано, бројот на дефекти во храната се зголемува во последните години, речиси четирикратно зголемен од 2013 до 2022 година.
Експертите велат дека причината за ова се построгите контроли и промените во практиките на многу компании, кои сега ги сметаат повлекувањата на производите како одговорна акција кон потрошувачите и повеќе не се плашат од објавување на соопштение за повлекување, објавува весникот.


