Комисијата за заразни болести со препораки: Забрана за гостување на пејачи и ди-џеи, ограничување на музиката и бројот на гости во локалите

Забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на гласноста на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на луѓе кои може да седат на една маса во угостителски објект од сега дозволените 12 на четири. Ова се препораки на Комисијата за заразни болести што ќе бидат предложени на денешната седница на Влада, најави министерот за здравство Венко Филипче.

– Сметаме дека ова се апсолутно оправадни мерки и дека е добар период кога треба да се имплементираат. Секако, и натаму ја следиме ситуацијата и доколку треба имаме план и за дополнителни рестрикции ако тоа се изнуди, изјави Филипче за телевизија ТВ Канал 5.

Тој посочи дека зголемениот притисок или мини бран е очекуван и го најавувале, како есенски бран по завршување на годишните одмори.

– Имаме зголемување на бројот на случаи за над 20 во сите возразни групи, нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 и под 10 години. Тука е иста бројката. Најголем раст од дури 50 проценти има во возрасната група од 20 до 30 години и нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години, изјави Филипче.

Министерот за здравство посочи дека една од можните мерки во иднина е ограничување на работа на одредени економски субјекти и на бројот на луѓе во јавниот превоз и мерката за носење маски на отворено.

– Сè уште е рано, затоа што тоа значи освен превентивна мерка за коронаирусот и заштита од сезонски грип, настинки во ладното време и секако од загаден воздух. Значи би размислувале во подоцнежните есенски месеци за сите други мерки, изјави Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот