Комедија на „Камп Ноу“, Барселона го плати 21 милион евра, а тој не знае да ја крене топката од земја (ВИДЕО)
Најновото засилување на Барселона, Сержињо Дест се посрамоти на претставувањето во дресот на новиот тим.
Барселона тргна одлично во новата сезона со новиот тренер, Роналд Куман, и оствари две победи во Ла Лига со што најави дека нема шанси да им се повтори кошмарната сезона во која едвај беше изгасен пожарот.
Имено, Барселона ја загуби титулата во Ла Лига од Реал Мадрид, а во Лигата на шампионите беше понижена од Баерн Минхен кој ја совлада со неверојатни 8:2, а во текот на летото Лионел Меси сакаше да си замине од „Камп Ноу“.
На крајот беше изгасен пожарот, а тренерот Куман и покрај одличниот старт бараше дополнителни засилувања и едно од нив беше Сержињо Дест од Ајакс.
Американскиот репрезентативец за сума од 21 милион евра неделава направи трансфер во Барселона, но на денешното претставување пред медиумите се посрамоти.
Дест не можеше да ја подигне топката од земја и да го направи традиционалното жонглирање, а неговите потези веднаш се најдоа на социјалните мрежи каде фановите си тераа мајтап со младиот фудбалер.
Sergiño Dest’s presentation kick-ups are worse than Martin Braithwaite’s ? pic.twitter.com/AhVundswOr
— Talking LaLiga (@TalkingLaLiga) October 2, 2020