Колумна на Виолета Михајловска: Репродуктивните технологии во служба на родителството – сурогат мајчинство

Во СР.Македонија во 2014 година за прв пат се донесе закон за регулирање на сурогатството, како репродуктивна метода за остварување на улогата родител, кое што дотогаш беше строго забрането.

Една од посериозните пречки која го оневозможува родителството е неплодноста со кој подеднакво се соочуваат и мажите и жените. Во случаи на ваква биолошка пречка, технологијата треба да служи за остварување на родителското право подеднакво како што треба да служи и за подобрување на правата на жената кои во голема мера се попречени токму поради остварувањето на нејзините мајчински потреби и должности. Денес, развојот на науката и био-медицинската технологија нудат нови алтернативни решенија за потпомогната репродукција како што се инсеминацијата, ин витро оплодувањето, сурогатството, и со тоа се прошируваат границите на човековите  репродуктивни можности и се надминуваат биолошките ограничувања. Денес сè повеќе станува прашање на избор да се стане родител, а не само на можност. Но, од друга страна новите биорепродуктивни технологи поттикнуваат и низа етички и правни дилеми.  Иако тие ја задоволуваат првичната цел – да се стане родител, значаен број на држави во рамките на своите правни регулативи јасно се спротивставуваат на некои од методите за вештачко оплодување. Негативните ставови кон вештачкото оплодување ги поткрепуваат со тезата за комерцијализација на репродукцијата, злоупотребата на мајките и бебињата родени на овој начин, а најчесто забраните потекнуваат и од религиозните размислувања кои се длабоко инфилтрирани во општеството. Главната класификација на сурогатството е помеѓу комерцијално и алтруистичко сурогатство, а разликата помеѓу овие две класификации лежи во примањето односно непримањето на материјален надомест за улогата – раѓањето дете.

Строгите закони во некои земји  кои строго се држат до својата правна легислатива, доведуваат до експанзија на сурогат мајчинството во други земји, како што е, на пример, Индија каде комерцијалното сурогатство е легално уште од 2002 година. Прифаќањето на сурогатството од страна на жените во Индија е единствено потикнато од економскиот фактор. Токму од тие причини, во Индија голем е бројот на мажи кои што ги поттикнуваат и убедуваат своите жени да прифатат сурогатство од кое би имале финансиски бенефит.

Во СР.Македонија во 2014 година за прв пат се донесе закон за регулирање на сурогатството, како репродуктивна метода за остварување на улогата родител, кое што дотогаш беше строго забрането. На листата на бројни апликации на новите репродуктивни технологии, каде влегуваат вештачката инсиминација од донор, ин витро фертилизацијата, трансферот на ембрион или негово смрзнување, сурогат мајчинството дава добри резултати поради штом го сместуваат дури и во рамки на етичкиот и правниот дискурс.

Она што го одвојува сурогат мајчинството од останатите репродуктивни технологии не е самата технологија, туку специфичните услови во кои тоа се одвива.  Накратко, сурогатството претставува еден вид договор помеѓу жена која го „носи“ детето со намера да се откаже од него веднаш по раѓањето. Ваквиот сурогат договор најчесто се склучува помеѓу двојка во која жената е инфертилна од една страна и сурогат мајката од друга страна која прифаќа да биде инсеминирана со семе од таткото, прифаќа да го носи тоа дете и по раѓањето да  го даде родителското право над тоа дете. Ваквите договори не се секогаш исти но, во суштината на сите стои клаузула која ги дефинира правата и одговорностите на двете страни во периодот пред инсиминацијата, за време на бременоста и периодот по раѓањето.

Иако сурогатството е прифатено од значаен број на држави, сепак голем е бројот и на оние кои сметаат дека ваквите сурогат договори се штетни, особено за детето. Еден од главните аргумени во одбрана на нивниот став е нивното уверување дека сурогат мајчинството го става човечкото тело во улога на стока за широка потрошувачка. Имено, бебето родено на овој начин станува предмет на обична трансакција, додека пак сурогат мајката е искористена единствено како инкубатор. Во вакви услови лесно доаѓа до нарушување на достоинството и на сурогат мајката, но и на детето. Детето родено по пат на договор за сурогат мајчинство уште на самиот почеток се соочува со проблем на родителство бидејќи во ваков случај тој може да има дури и до пет страни кои претендираат да бидат негов старател. Законот во С.Македонија токму затоа, го заменува терминот „сурогат мајка“ со „гестациски носител“ со цел да не се нарекува мајка жената која родила дете за друг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот