Колумбискиот претседател го суспендираше примирјето со најголемиот нарко картел во земјата

Полиција Колумбија / Фото EPA-EFE/Luis Eduardo Noriega A.

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека го суспендирал примирјето со најголемата криминална организација во земјата, Клан дел Голфо, бидејќи ја нападнала полицијата.

„Им наредив на вооружените сили повторно да ги активираат сите воени операции против кланот дел Голфо“, објави Петро. „Нема да дозволиме да продолжат да сеат вознемиреност и ужас во заедниците“.

Неколку минути подоцна Петро на „Твитер“ напиша: „Нападот со пушка врз полицијата од страна на Клан дел Голфо го нарушува прекинот на огнот… Вооружените сили мора веднаш да дејствуваат против мафијашката организација“.

Прекинот на огнот со колумбискиот нарко картел беше дел од напорите да се стави крај на внатрешниот конфликт во Колумбија во кој загинаа најмалку 450.000 луѓе.

Неколку дена претходно, во радио интервју на 13 март, Петро ја обвини групата за уништување на општински аквадукт во провинцијата Антиокија за време на блокади на патиштата поврзани со протестите на неформалните рудари за злато. Петро рече дека групата го „прекршила прекинот на огнот“ и дека нема можност за преговори доколку продолжат со нападите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот