Колку заработија „Пријатели“ од специјалната епизода?

Instagram
printskrin instagram

Главните ѕвезди од култната серија „Пријатели“ за повратничката епизода добиле меѓу 2,3 и 3 милиони долари, пишува „Hollywood Reporter“.

Шестте актери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери се вратија на малите екрани како „Пријатели“ по последно снимање во 2004 година, а нивните животи повторно се под лупата на милиони фанови ширум светот.

Profimedia
Profimedia

Британскиот „Daily Star“ пишуваше за богатството на Метју Пери, односно Чендлер од серијата, а како што велат, тој тежи околу 120 милиони долари. Тој глумеше во сите 236 епизоди од „Пријатели“ меѓу 1994 и 2004 година.

Како и остатокот од главните актери, за првата епизода Пери бил платен нешто повеќе од 22 илјади долари по епизода. Тој износ се искачи на дури еден милион долари по епизода до последната сезона.

Како што пишува „USA Today“ главните актери од „Пријатели“ и денес заработуваат меѓу 18 и 20 милиони долари годишно само благодарение на своите улоги во култната серија, која се реемитува во повеќе делови од светот.

Нормално, Пери глумеше и во бројни филмови, а неговиот живот често беше и под лупа на јавноста поради борбата со алкохолот и дрогата за време на кариерата.

Инаку, фановите се загрижија за Пери кога во неодамнешното интервју за „People“ тој зборуваше нејасно, но подоцна беше објаснето дека претходно истиот ден бил на забар и за време на снимањето бил во болки.

ВИДЕО: Зошто Чендлер се однесуваше чудно во интервјуто со „Пријатели“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот