Колку долго смеат да се користат капките и спрејовите за нос?

Profimedia

Фармацевтските комори предупредуваат дека капките за нос може да се користат максимум неколку дена, бидејќи тие предизвикуваат сушење на слузницата, сè почеста примена и зависност, како и целосно уништување на слузницата на носот. Потребна е особена претпазливост кај пациенти со висок крвен притисок, трудници, кај проблемите со срцето, проблемите со простатата…

Кај одредени болести, само по препорака на оториноларинголог, деконгестивот може да се зема и подолго од три дена.

Капките и спрејовите за нос првенствено се користат за да се овозможи нормално дишење преку носот за време на настинка. По правило, тие треба да се користат најмногу три-четири дена.

Начинот на дејствување на сите видови капки и спрејови е ист и сите припаѓаат на т.н. деконгестиви – предизвикуваат намалување на протокот низ малите крвни садови и со тоа го намалуваат отекувањето на слузницата на носот и производството на слузта, објаснуваат лекарите.

Какво оштетување може да настане?

Проблемот се јавува кога некое лице самоиницијативно ги крши правилата напишани во упатствата за употреба, односно прекумерно и подолг период користи капки за нос.

Заради нивното подолготрајно дејство, постои нарушување во работата на самата слузница. Клетките на слузницата на носот имаат мали цилии (влакненца), кои синхронизирано се движат како бранови во насока на ждрелото, туркајќи ја слузта. Влакненцата стануваат неподвижни и застојот на слузта овозможува полесен развој на воспалителните процеси. Исто така, бидејќи, по правило, овие активни материи се со кратко дејство, се јавува повратен ефект кој нагло повторно ја зголемува пропустливоста на крвните садови и предизвикува отекување. Така се создава затворен круг на зависноста. Покрај тоа, многумина не можат да го започнат денот или да заспијат без производ за одзатнување за носот.

За проблемот со зависноста од капките за нос ретко или речиси воопшто не се зборува, но факт е дека овој проблем е сè поприсутен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот