Колинда навива во транс, а двајца умираат од смеење (ФОТО+ВИДЕО)

принтскрин

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ синоќа во свој стил навивала за Хрватска на „Рујевица“ во Риека, на натпреварот кој Хрватска го доби со 3:1 и се пласира на ЕП, а снимката на која жестоко удира со рацете на „Во бој, во бој“ стана хит на Твитер.

„Навивачка. Овие момчиња кои и се смеат. Непроценливо“, напишал твитерџијата кој ја споделил хит снимката на која во близина на Колинда се гледаат и двајцата кои умираат од смеење.

твитер

Според снимката тешко е да се заклучи дали тие и се смеат на неа или на нешто друго, но целата ситуација е навистина интересна, а твитерџиите со своите коментари ја направија уште поинтересна. „Колинда навива во транс“, „И теби сам сит кафанооо“, се само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот